/ Прочитано:

1.950

Теа Мицевска е избрана за нов студентски правобранител на УКИМ

Теа Мицевска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е избрана за нов студентски правобранител на УКИМ. Мицевска ги повикува студентите да стапат во контакт со неа секогаш кога ќе се соочат со прекршување на нивните права.

„Цврсто верувам во идејата за користење на образовниот систем за развој на поединецот како автономен критички мислител. Досегашните искуства треба да се трансформираат во свест, а тоа подразбира активно реагирање од страна на студентите при предизвиците во образовниот процес со цел навремено постапување на студентскиот правобранител. Секоја промена се остварува преку непрекината борба, а ние како движечка сила во општеството можеме да го сториме тоа заеднички. Оттука, ги повикувам сите студенти да ме контактираат секогаш кога ќе се соочат со прекршување на нивните права“, вели Мицевска.

Студентскиот правобранител постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е повредено право на студент од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот. Органите на високообразовната установа се должни да постапат по укажувањата на студентскиот правобранител.

M.В