/ Прочитано:

2.523

УЈП: Услугата „Закажи средб@” од 1 мај ќе биде задолжителна за користење на даночните услуги во УЈП – Регионалната дирекција Скопје

Услугата „Закажи средб@” од 1 мај 2018 година ќе биде задолжителна за сите даночни обврзници кои ќе ги користат даночните услуги во Регионалната дирекција Скопје, информираат од УЈП.

Услугата „Закажи средб@“ овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување на средба со даночен агент во УЈП – Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за специфични прашања кои се однесуваат на: 1) Oпшти информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.); 2) Отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник; 3) Консултации за издадени даночни документи; 4) Утврдување на даноци; 5) Постапки за наплата на долгови; 6) Правни прашања.

Услугата „Закажи средб@“ може да се користи онлајн или преку Инфоцентарот на УЈП. За да закажете средба повикувајте го Инфоцентарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или направете го тоа онлајн преку веб-страницата на Контакт-центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk, која овозможува пристап до услугата „Закажи средба“.

Која е постапка за закажување на средба?

  • Идентификација на корисник преку Инфоцентарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или преку електронскиот систем „Закажи средб@“ достапен преку kontaktcentar.ujp.gov.mk
    Доколку сакате да закажете средба како физичко лице внесете ги следните податоци за идентификација или соопштете ги на операторот: име, презиме, ЕМБГ и е-пошта за физичко лице.
    Доколку сакате да закажете средба како правно лице внесете ги следните податоци за идентификација или соопштете ги на операторот: име, презиме, ЕМБГ, е-пошта за физичко лице, назив на фирмата, ЕДБ и ПИН-код за правно лице.
    Полињата се задолжителни освен полето „ПИН-код“.
  • Изберете ја услугата која сакате да ја користите во УЈП – Регионална дирекција Скопје
    Изберете ја канцеларијата во која сакате да закажете средба, односно Регионалната дирекција Скопје, и изберете ја услугата која ви е потребна.
    НАПОМЕНА: Услугата „Закажи средб@“ во моментов е достапна само за користење на даночните услуги на Регионалната дирекција Скопје.
    Полињата се задолжителни, освен полето „Код на референтен документ“.
  • Изберете ги датумот и времето на средба
    Закажувањето на средба се врши најрано за следниот работен ден. Изберете ги датумот и времето на средба кои вам ви одговараат, доколку се слободни и не се зафатени претходно.
  • Потврдете ја закажаната средба
    Потврдете ги информациите за избраната канцеларија, вид на услуга, датум и време на средбата.
    Доколку не сте во можност да дојдете на закажаната средба, потребно е да ја откажете средбата или да закажете друг термин.

Корисни информации