Утврден Предлог-законот за класифицирани информации
На предлог на Министерството за одбрана, Владата го утврди Предлог-законот за класифицирани информации.
„Со Предлог-законот за класифицирани информации се уредува системот за заштита на класифицирани информации во Република Северна Македонија и се овозможува одржување на високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ, следење на тековните трендови во практиките при ракувањето со класифицираните информации, како и прецизирање на одредени прашања поврзани со други области што се поврзани со работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Новиот Предлог-закон ја има предвид законската основа за донесување подзаконски акт којшто ја регулира криптозаштитата во земјата, а во согласност со интеграциските процеси на земјата во НАТО и ЕУ согледана е и потреба за проширување на надлежностите на Дирекцијата во доменот на размената и заштитата на класифицирани информации со меѓународните организации“, посочуваат од Владата.
Новиот Закон за класифицирани информации со европско знаменце во собраниска процедура
Нов закон кој се однесува на системот за заштита на класифицирани информации
Најавен нов Закон за класифицирани информации усогласен со регулативите на НАТО и ЕУ
М.В