/ Прочитано:

2.024

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески поднесе оставка

Ставрески беше дел од владиниот тим уште од 2006 година на позицијата заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски работи, а од 2009 беше заменик-претседател на Владата на РМ и министер за финансии.

Зоран Ставрески, фото Влада на РМ

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески поднесе оставка од своите функции во Владата поради здравствени причини.

Оставката Ставрески ја доставил до Владата, а портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев, за државната агенција МИА потврдува дека оставката е поради лични причини.

„Поради лични здравствени причини, вицепремиерот Ставревски поднесе оставка на функцијата министер за финансии и вицепремиер на Владата. Причините се наведени во текстот на неговата оставка и ние тоа го разбираме и го почитуваме. Владата истакнува огромна благодарност до вицепремиерот Ставревски за неговата работа, за ангажманот и за придонесот кој тој го оствари во реализација на владините мерки, програми и политики, за што сведочат неговите постигнати извонредни резултати. Му посакуваме пред сè добро здравје и надминување на предизвиците со кои се соочува, а Владата секогаш ќе остане отворена за соработка со личност каква што е тој“, вели Ѓоргиев.