/ Прочитано:

1.265

Во издание на Академик, излезе од печат книгата „Катастар на инфраструктурни објекти“ од д-р Соња Димова

Во издание на Академик, излезе од печат книгата „Катастар на инфраструктурни објекти“ од д-р Соња Димова. Тоа е прв ваков труд објавен на македонски јазик, кој, според рецензентот на делото, проф. д-р Златко Србиноски, „претставува комплексна монографија, која третира исклучително значајна и современа проблематика.“

Трудот има цел да овозможи поголема и поширока афирмација на значењето на инфраструктурниот катастар за општеството и за економијата и да биде мотив засегнатите страни да ја зголемат динамиката на запишување на инфраструктурните објекти во катастарот на инфраструктурни објекти – процес кој во Република Северна Македонија започна во 2014 година, за разлика од земјите членки на Европската Унија, каде што евиденција на инфраструктурните објекти е воспоставена од поодамна.

Систематизирајќи го делото во 12 поглавја и презентирајќи го материјалот на сосема разбирлив начин, авторката дава приказ на сите аспекти на катастарот на инфраструктурните објекти – од прибирањето на просторните податоци, изработката на геодетските елаборати, правните аспекти, па сѐ до дистрибуцијата на податоците и одржувањето на овој комплексен систем.

Оттаму, ова дело, кое третира многу актуелна и комплексна проблематика и во кое се заокружени сите аспекти на катастарот на инфраструктурни објекти, е наменето за разновидна и многубројна читателска јавност. Книгата ќе им биде од корист на сите субјекти од јавниот сектор и на компаниите од приватниот сектор во чија сопственост се инфраструктурните објекти што се запишуваат во катастарот на инфраструктурни објекти, а со оглед на тоа што овој сериозен труд воедно може да се искористи и како прирачник и како учебник, тој е значаен како за сегашните припадници на стручната фела од геодетската и правната област така и за едукацијата на идните геодетски инженери и правници кои ќе се занимаваат со катастарското право.

За да ја нарачате книгата, можете да ни испратите допис на следната електронска адреса: akademik@akademik.com.mk, со податоци за името и презимето/официјалниот назив на субјектот, адресата, како и телефонски број за контакт и бројот на примероците што сакате да ги нарачате.

Цената на книгата е 1.780 денари по примерок (со вклучен ДДВ од 5%), а за време на првиот месец од продажбата, 16.10.2020 – 16.11.2020 година, следува попуст од 20%. По плаќањето на профактурата, доставата на книгата се врши по пошта, на адресата што ќе ја назначите, на трошок на „Академик“ ДООЕЛ.

Интервју со д-р Соња Димова, авторка на новата книга „Катастар на инфраструктурни објекти“, во издание на Академик