/ Прочитано:

1.485

Во Собранието доставен Предлогот за именување нов заменик-министер за здравство

Претседателот на Владата го достави во Собранието Предлогот за именување на заменик-министер за здравство. За заменик-министер за здравство е предложен Арменд Арслани, доктор по општа медицина и специјалист по урологија. Биографијата  на Арслани, која е објавена од Собранието, може да се погледне на следниот линк. 

Претходниот министер за здравство поднесе оставка откако новинари објавија видео со кое посочија дека заменикот бара мито за да направи операција на пациент. Оставката на Асим Муса, исто така, е во собраниска процедура.

М.В