Плаќањето на ПЦР тестот да биде на товар на работодавачите
Препораката за вакцинирање на работното место важи и за јавните и за приватните институции, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по средбата со синдикатите. Една од иницијативите за ваквата мерка, додаде Филипче, дојде од стопанските комори.
Министерот за здравство рече дека синдикалните претставници побарале мерката од моментот на донесување да важи не по истекот 10 туку по истекот 15 денови, со цел да се остават уште неколку денови за едукација на членството во синдикатите. Имало и барање да бидат дадени 2 слободни платени денови на денот на вакцинација и следниот ден.
„Последното барање е оние кои што не сакаат да се вакцинираат и ПЦР тестот како алтернатива што треба да се прави секоја недела, наместо на сопствен трошок да биде на товар на работодавачите. Сите овие нивни предлози ќе ги дискутираме на утрешната седница на Владата, изјави Филипче.
УПОЗ: Противуставни се мерките во врска со вакцинацијата на вработените во јавниот сектор
Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, реагираат синдикатите
За влез во објекти потребен е сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид
Соопштение за рестриктивните мерки
Измени на ковид протоколите за работата на угостителските објекти
Соопштение за дополнувањето на рестриктивните мерки
Измените и дополнувањата на новите рестриктивни мерки
Најновите рестриктивни мерки, протоколи и препораки
Новите заклучоци на Главниот кризен штаб во врска со рестриктивните мерки
Соопштение на Владата во врска со новите рестриктивни мерки
М.В