/ Прочитано:

979

Европската комисија го одобри македонскиот дигитален сертификат за ковид-19

Европската комисија го одобри македонскиот дигитален сертификат за ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство.

Европската комисија ја стави Република Северна Македонија во заедничката мрежа на Европската Унија за верификување на ЕУ дигитални сертификати. Со оваа одлука, донесена од страна на Комисијата на ЕУ, нашите граѓани добиваат значајни придобивки при патување. Во процесот на координација на мисијата во Брисел, предводен од страна на Министерството за здравство, значителен придонес даде Секретаријатот за европски прашања. Ние сме прва земја во регионот чиј сертификат за ковид-19 ќе се смета за еквивалентен на дигиталниот сертификат на ЕУ. Со ова им овозможуваме на нашите граѓани кои примиле вакцина против ковид-19 одобрена од ЕУ неограничени права за патување.

М.В