/ Прочитано:

793

Врховниот суд: Во текот на 2018 година, судовите во работа имале 561.489 предмети, а решиле 471.923 предмети

„Врховниот суд на Република Северна Македонија на 24 април 2019 година одржа Општа седница на која се разгледуваа извештаите за работата на сите судови за 2018 година, од аспект на ажурноста и квалитетот на работата.

Во текот на 2018 година, судовите во работа имале вкупно 561.489 предмети, а решени се 471.923 предмети. Останале нерешени 89.566 предмети. Со тоа, судовите во 2018 година успеале да го совладаат приливот на предмети и го намалиле заостатокот од 2017 година за 14.865 предмети.

На одржаната седница се разгледуваше ажурноста и квалитетот на работата на секој суд поединечно, ангажираноста на судиите и работата на судската управа, меѓутоа се дискутираше и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат судовите во своето работење. Воедно, се разгледуваше и целокупната состојба во судството, можните начини за надминување на недостатоците и подобрување на ефикасноста и квалитетот на работењето на судовите, со што ќе се постигне и зголемување на довербата на јавноста во судскиот систем“, велат од Врховниот суд.

М.В