/ Прочитано:

3.939

Правно мислење на Врховниот суд за начин на стекнување на сопственост врз моторно возило

Одделот за граѓански дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 22.12.2021 година, го усвои следното:

П Р А В Н О М И С Л Е Њ Е

Сопственик на патничко моторно возило е лицето на кое возилото врз основа на писмен договор му е предадено во владение, независно што таа промена не е запишана во со закон предвидените регистри.

О б р а з л о ж е н и е

Согласно член 145 став 1 од Законот за сопственост и други стварни права (понатаму ЗСДСП) правото на сопственост на подвижна ствар преоѓа на стекнувачот со предавање на стварта во негово владение. Со овој член е регулиран начинот на стекнување на сопственоста кај подвижните ствари и тоа со реално, физичко предавање на стварта, (од рака во рака). При тоа, начело е стварта да се предава во непосредно владение со физичко предавање, а во посредно владение – со гола изјава на волја. Меѓутоа, во секој случај предавањето на владението треба да претставува дејствие како израз на двостраната изјава на волјите на дотогашниот владател дека ја предава фактичката власт во однос на стварта на стекнувачот и изјавата на волјата на стекнувачот дека стварта ја прима. Притоа сопственоста на подвижната ствар се стекнува со предавање на стварта во самостојно владение на стекнувачот, ако тоа предавање е засновано на правното дело на отуѓувачот насочено кон пренос на сопственоста на таа ствар врз стекнувачот, а отуѓувачот е сопственик на стварта кој е овластен така со неа да располага. Правното дело може да биде еднострано (тестамент) или двострано (договор).

Според тоа самото предавање на владението од едно на друго лице без постоење на правна основа за тоа дури и со волја владението да се предаде, односно да се стекне, не претставува некој посебен, одделен, реален договор кој би довел до стекнување на сопственичко владение. Предавањето на владението пак кое се заснова на правна основа со која се договора стекнувањето на право на сопственост претставува реализација на содржината на таквата правна основа т.е. на правната работа, по правило договор кој е склучен со волја да се пренесе, односно да се стекне правото на сопственост.

Ова произлегува и од членот 146 од погоре цитираниот закон (ЗСДСП), каде што во ставот 1 се вели: „Кога повеќе лица склучиле посебни правни дела заради стекнување право на сопственост на иста подвижна ствар што е индивидуално определена, тоа право го стекнува лицето на кое прво му е предадена стварта, ако се исполнети и сите други претпоставки за стекнување на сопственост. Со оваа одредба се регулира правната ситуација која настанува 2 кога сопственикот ја оттуѓил својата ствар на повеќе лица во различно време со посебни правни дела со кои се стекнува право на сопственост па во таа смисла е наведено дека правото на сопственост врз основа на правно дело го стекнува лицето на кое прво му е предадена стварта, без оглед на тоа дали тоа лице е првото со кое е склучен договорот или е тоа некое од наредните лица со кои е склучен договорот.

Тоа што новиот сопственик на подвижната ствар-моторното возило не ја запишал промената на сопственоста врз истото во со закон предвидените регистри е ирелевантно, бидејќи во цитираните членови 145 и 146 од ЗСДСП тоа не е наведено како услов. За разлика од ова во членот 148 став 1 од ЗСДСП децидно стои дека право на сопственост на недвижност врз основа на правно дело се стекнува со запишување во јавната книга за запишувањето на правата на недвижностите или на друг соодветен начин определен со закон. Значи во самиот Закон за сопственост и други стварни права, кој е lex.specialis по однос на регулирањето на начинот на стекнување на правото на сопственост на подвижни и недвижни ствари се прави разлика, поточно дека за движните ствари не е потребно запишување на промената на сопственоста во со закон предвидените регистри за разлика од недвижните ствари за кои се бара промената на сопственоста да биде запишана во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. Доколку не е извршена промена на сопственоста на подвижната ствар од претходниот на новиот сопственик за тоа е предвидена посебна прекршочна постапка согласно Законот за возилата и Законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата.

ВРХОВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОДДЕЛ ЗА ГРАЃАНСКИ ДЕЛА

Начелно правно мислење за дозволеност на жалба против решение на првостепен суд со кое е потврдено решение на нотар како повереник на судот

Надлежен орган да одлучува за гаранција истакната во жалба по притвор – заклучок на Врховниот суд

Службена белешка не е доказ во постапка пред судот

Заклучок на Врховниот суд за определување на трошоци во кривична постапка

Заклучок на Врховниот суд во врска со казнивост за обид на кривично дело „Тешка кражба“

Сентенца на Врховниот суд за еднаквост на оружјето и контрадикторна постапка

Заклучок на Вишиот управен суд за примената на член 58 став 2 од Законот за прекршоците

Врховниот суд донесе заклучок за присуство на оштетен на расправа пред првостепен суд

Врховниот суд со правно мислење за надлежност на Советот за оцена на обвинителен акт согласно член 336 став 3 од ЗКП

Заклучок на Вишиот управен суд за трошоци во управен спор

Заклучок на Врховниот суд во врска со писмени обраќања и барања од Судскиот совет

Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“

Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија во спорови за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Прибелешка на налог за извршување во имотен лист врз недвижност на стечаен должник пред отворање на стечај и разлачно право

Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија

Сентенца за надлежност во спорови за ништовност на одредби од одлука која создава имотноправни односи

Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација

Начелен став на Врховниот суд во врска со постапувањето со предметите и престанокот на судиската функција

Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина

Сентенца за надлежен орган за одлучување за притвор по укинување на првостепена и второстепена пресуда

Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист

Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда

Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице

Врховниот суд во сентенца за кривичното дело „Силување“ се повикува на праксата на Европскиот суд за човекови права

Правно мислење на Врховниот суд за прекинување на постапка за извршување кога странка е правно лице над кое е отворена стечајна постапка

Сентенца на Врховниот суд за повторно вештачење за проценка на веродостојноста на исказот на оштетеното дете

Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка

Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител

НАЧЕЛНО ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Ограничување на правата од колективен договор ако за време на важењето на колективниот договор се донесе закон

Врховниот суд за прописите укинати од Уставниот суд: Судска одлука не може да се заснова на пропис кој не постои во правниот поредок

Врховниот суд со сентенци за правниот интерес за утврдување вистинитост на исправа и за прекинот на рокот за застареност

Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда

Сентенца за правото на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата

Правно мислење на Врховниот суд за укинување на потврда за правосилност и извршност на извршна исправа

Правно мислење на Врховниот суд за амнестијата на правосилно осудени лица за кои претходно била издадена потерница

ВРХОВНИОТ СУД: Не треба да плаќаат надомест станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор и не поставиле инсталација

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Застареност на побарувањето на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во стечајна постапка

Правно мислење на Врховниот суд за возачот почетник во случаите кога го управува возилото спротивно на пропишаните услови

КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета

ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Изјава на обвинет за откажување на некое од правата од член 206 став 1 од ЗКП

Правно мислење на Врховниот Суд: Јавниот обвинител има обврска да даде мислење по барањата за укинување или замена на мерката притвор

Сентенци на Врховниот суд за вознемирување насочено кон физичко лице и право на совладение врз неподелена ствар

Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка

Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка

Сентенца на Врховниот суд во врска со писмена изјава на работникот за продолжување на договорот за вработување

Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи

Сентенци на Вишиот управен суд за права од работен однос, даночни права, имотноправна област и други права

Сентенци на Вишиот управен суд за прашања од имотно-правната област, правата од пензиско и инвалидско осигурување и даночните права

Сентенци на Вишиот управен суд за имотни права, за права од пензиско и инвалидско осигурување и за даночни права

„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети

Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

М.В