/ Прочитано:

520

За близу 50% зголемен бројот на предмети пред Уставниот суд, се нотира во објавениот извештај

Уставниот суд го објави извештајот за својата работа. Анализата на вкупните податоци, се вели во извештајот, покажува дека вкупниот број на примени предмети во текот на 2020 година изнесува 324.

Во 2019 година биле примени 167 предмети. Споредбено, се констатира во извештајот, во 2020 година биле примени 157 предмети повеќе од 2019 година, односно 48% повеќе предмети. Во текот на 2020 година биле поднесени и 18 барања за заштита на слободите и правата.

Во 2020 година, Судот донел вкупно 20 одлуки (укинувачки и поништувачки), што е зголемување во однос на 2019 година, кога биле донесени 8 одлуки. Но, исто така, според податоците, зголемен е и бројот на решенијата за неповедување постапка, како и бројот на решенијата за отфрлање на иницијативите.

М.В