/ Прочитано:

775

За половина година Собранието донело 178 закони

Собранието на Република Македонија го изработи деветнаесеттиот број на публикацијата „Мојот пратеник“. Во неа е содржан извештајот за работата на народните избраници за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 година.

Во овој период, вкупно се донесени 178 закони, 83 од економската област, 52 од политичкиот систем и 43 закони од областа на јавните дејности. Пет седници биле посветени на пратенички прашања.

Собранието на Република Македонија од август 2006 година, во соработка со Граѓанската асоцијација „МОСТ“, редовно ја издава публикацијата „Мојот пратеник“. „Мојот пратеник“  сега е целосен производ на законодавниот дом и на службата на Собранието.

„Oваа публикација претставува уште еден инструмент преку кој законодавниот дом се приближува до граѓаните. Една од клучнитe заложби на Собранието е транспарентна и отчетна работа како темел на кој се гради демократското општество“, соопштуваат од Собранието на РМ.

Комплетниот извештај за работата на Собранието, на пратениците и на собраниските тела на следниот линк.

М.В