/ Прочитано:

2.526

Заклучоци за правни прашања од заедничката средба на Врховниот суд и апелационите судови

Врховниот суд го објавува целосниот записник од заедничката средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и апелационите судови на тема Уедначување на примената на законите и судската практика „Концепт за работа и усогласување“.

Меѓу другото, во записникот се наоѓаат донесените заклучоци за правни прашања од областа на граѓанското право, како и хармонизирањето на ставовите и дискусиите на судиите во однос на конкретните прашања.

„Дали секое задржување од плата на работник без негова согласност треба да има третман на побарување од работен спор или пак може да најде примена член 199 од Законот за облигационите односи за стекнување без основ?“

Заклучок: Секое задржување од плата на работник без негова согласност, има третман на побарување од работен спор.

Дали пасивно легитимиран како тужен, во постапките со јавнообвинителските службеници за исплата на додаток на плата за посебни услови за работа, додаток на плата за висок ризик и додаток на плата за доверливост, може да биде Република Македонија – Јавно обвинителство на Република Македонија или Република Македонија – Јавно обвинителство (Вишо јавно обвинителство, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство), односно обвинителството како единка во која тужителот ги извршува работните задачи?“

Заклучок: Пасивно легитимиран како тужен, во постапките со јавнообвинителските службеници за исплата на додаток на плата за посебни услови за работа, додаток на плата за висок ризик и додаток на плата за доверливост, е Република Македонија – Јавно обвинителство на Република Македонија и обвинителството како единка во која тужителот ги извршува работните задачи.

Средба на Врховниот суд со апелационите судови на тема уедначување на примената на законите и судската практика

М.В