/ Прочитано:

1.284

Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура

Владата на Република Македонија донесе одлука да му предложи на Собранието на РМ Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси да се донесе по скратена постапка и со европско знаменце за да се донесе колку што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата.

Основна цел на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, кој веќе се наоѓа пред пратениците, е зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка. Целта на носењето на овој закон е и постигнување на поефикасна превенција и борба против корупцијата.

Исто така, Владата го утврди и новиот текст на Предлог-законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија.

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

M.В