Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати ќе се усогласува со Законот за енергетика
Министерството за финансии подготвува измени на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати е да ѝ овозможи на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати во тековната 2018 година да може да изврши обновување на дел од нафтените деривати од задолжителните резерви, како и усогласување со новиот Закон за енергетика.
„Имајќи предвид дека дел од нафтените деривати Еуросупер БС 95 и Екстра лесно масло за горење ЕЛ-1 од задолжителните резерви се складирани во два резервоарски капацитети (на различни локации), со кои сметано од 2015 година не управува ниту една нафтена компанија во Република Македонија, Дирекцијата беше принудена да ја преземе целокупната грижа за чување и одржување и обновување на горенаведените деривати. Со цел во тековната 2018 година Дирекцијата да може изврши обновување на дел од нафтените деривати од задолжителните резерви, неопходно е да се пристапи кон изменување и дополнувања на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати“, образложуваат од Министерството за финансии.
М.В