/ Прочитано:

2.064

Се подготвува нов Закон за енергетика чија цел е создавање одржлив енергетски сектор, заснован врз начелата на недискриминација

Министерството за економија подготвува нов Закон за енергетика. Подготовката на новиот Закон за енергетика, образложуваат од Министерството, произлегува од обврските кои Република Македонија ги има преземено за имплементација на директивите и регулативите од третиот пакет енергетско законодавство за електрична енергија и природен гас, како и имплементација и на другите директиви и регулативи од областа на енергетиката, во согласност со ратификуваниот Договор за основање на енергетска заедница.

„Целта на овој предлог за донесување на закон е да се обезбеди сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија на крајните потрошувачи во согласност со стратешките определби во областа на енергетиката, создавање ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор, заснован врз начелата на недискриминација, објективност и транспарентност“, велат од Министерството за економија.

М.В