/ Прочитано:

1.531

Започнуваат преговори за колективен договор за јавната администрација – УПОЗ  бара и К-15 за вработените 

Синдикатот на УПОЗ  и Министерството за информатичко општество и администрација денеска се договорија да се формираат работни групи кои ќе почнат преговори за колективниот договор во јавната администрација.

Вработените во јавната администрација, беше истакнато на денешниот настан, наскоро ќе добијат колективен договор со кој ќе бидат регулирани нивните права и обврски.

Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, изразија надеж дека ќе дојдат до најдобри решенија за вработените во јавната администрација.

„Со овој договор многу подиректно ќе се регулираат правата и обврските на вработените во јавната администрација“, истакна министерот Манчевски.

Претседателот на УПОЗ рече дека како синдикат ќе бараат во колективниот договор  да биде опфатено и прашањето за исплата на К-15 во јавната администрација.

М.В