/ Прочитано:

740

Здружение на судии: За претседател на Судско-медиумскиот совет е избран судијата Иван Џолев

„Судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија, со својство на советодавно тело за унапредување на соработката помеѓу судиите и новинарите за прашања од заеднички интерес, како и за зајакнување на судската транспарентност и пристапот на јавноста до правда, на ден 26 ноември 2020 година ја одржа конститутивната седница, на која за претседател на Судско-медиумскиот совет беше избран судијата Иван Џолев. На седницата членовите ги договорија идните активности на Советот кои ќе продолжат во насока на развивање на соработката со релевантните институции кон обезбедување партнерски пристап во заедничко остварување на предвидените цели“, информираат од Здружението на судии.

М.В