/ Прочитано:

4.403

60 години единство: 9 Мај – Денот на Европа

На 9 мај 1950 година Роберт Шуман, тогашниот француски министер за надворешни работи, го презентираше предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот. Неговиот предлог, којво историјата е познат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска Унија. По повод Денот на Европа, евроамбасадорот во Република Македонија, СамуелЖбогар, на ЕУ-појадокот што традиционално Секретаријатот за европски прашања го организира секоја година на овој датум, потенцираше дека Европската Унија е избор за граѓаните на Европа, за земјите аспиранти и нивните граѓани.

9 Мај претставува европски симбол за единство, кој заедно со химната „Ода на радоста“ и знамето го идентификуваат политичкиот ентитет на Европската Унија. По повеќе од 6 децении од постоењето, Европската Унија е исправена пред сериозни предизвици. По повод Денот на Европа, евроамбасадорот во Република Македонија, СамуелЖбогар, на ЕУ-појадокот што традиционално Секретаријатот за европски прашања го организира секоја година на овој датум, потенцираше дека Европската Унија е избор за граѓаните на Европа, за земјите аспиранти и нивните граѓани.

„Живееме во време на промени и на предизвици. Секоја наша земја членка, секоја земја од Западен Балкан, како идна членка на Унијата, самата Европска Унија и граѓаните на Европа треба да решат како ќе се справат со промените кои следуваат и предизвиците со кои се соочуваме. При изборот треба да се водиме од лекциите од историјата“, истакна евроамбасадоротЖбогар.

Вицепремиерот за евроинтеграции, Арбр Адеми, рече дека Македонија заедно со земјите од регионот ѝ припаѓа на Европската Унија, поради што е исклучително важно заеднички да работиме кон остварување на оваа цел.

„Без оглед на тежината на предизвиците со кои се соочуваме, евроинтеграциите се клучен стратешки приоритет за Македонија и нема друга алтернатива“, нагласи вицепремиерот Адеми.

Според амбасадорот на Франција во РМ, Кристијан Тимоние, за Унијата е важно Македонија да се врати на европскиот пат, бидејќи, како што оцени, Македонија има витална улога за стабилноста на Балканот.

„Интеграцијата на Балканот ќе биде  потврда за успехот на Европската Унија, изјави Тимоние.

На 9 мај 1950 година Роберт Шуман, тогашниот француски министер за надворешни работи, го презентираше предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот. Неговиот предлог, којво историјата е познат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска Унија.

„Шумановата декларација“ се спроведе во 1951 година со основањето на Европската заедница и потпишувањето на Договорот за јаглен и челик меѓу Германија и Франција.

Со декларацијата Шуман повикува на воспоставување нов поредок во кој нема да има место за судири меѓу европските држави, а суштината на неговата идеја била да се воспостават заеднички тела и односи, пред сѐ, во производството и дистрибуцијата на јаглен и челик, како темел на индустриската сила. Први чекори на тој пат било формирање посебни, наддржавни тела во областа на производството и дистрибуцијата на челик и јаглен, а Шуман првенствено ги имал предвид односите меѓу Франција и Германија.

Веднаш потоа е основана Европската комисија за јаглен и челик која полека прераснува во Европска економска заедница.

Европскиот совет во 1985 година во Милано донесе одлука денот на објавувањето на планот на Шуман – 9 мај да се одбележува како Ден на Европа. Договорот од Мастрихт од 7 февруари 1992 година стапи восила на 1 ноември 1993 година и утврди три столба на Европската Унија: наднационален столб, заедничка надворешна и безбедносна политика и соработка во областа на судството и внатрешните работи. Европската Унија ја сочинуваат 28 членки, но со одлуката на Велика Британија да ја напушти, односно по завршување на процесот на Брегзит, бројот на земјитечленки на ЕУ ќе биде 27.

А. Б.