/ Прочитано:

1.486

„Транспаренси интернешенел“: Во Брисел се активни 35.000 лобисти

Според процените на „Транспареси интернешенел“, во Брисел се активни околу 35.000 лобисти, особено поради фактот дека во европската престолнина се одлучува за закони кои се применуваат во сите земји членки на Европската Унија. „Кога и да има некаков нов пропис, секогаш има многу работа за лобистите и за адвокатите“, појаснува поранешниот лобист за индустрија и енергија Ларс Петер Сване, кој ја води интернет-страницата за вработување ‘Еуробрушелс’“. Тој додава дека дури 80 отсто од луѓето ангажирани преку оваа страница се на работни позиции - лобирање.

Еурактив, меѓународната интернет-мрежа посветена на активностите на ЕУ, денеска пишува дека Европската Унија барем во една работа брзо го фаќа чекорот со најлошиот аспект на американската демократија – а тоа е јакнење на моќта на лобистите. Според процените на „Транспареси интернешенел“, во Брисел се активни околу 35.000 лобисти, особено поради фактот дека во европската престолнина се одлучува за закони кои се применуваат во сите земји членки на Европската Унија.

Инаку, според германскиот економски весник „Ханделшблат глобал“, бројот на лобисти во Брисел и понатаму ќе се зголемува.

„Кога и да има некаков нов пропис, секогаш има многу работа за лобистите и за адвокатите“, појаснува поранешниот лобист за индустрија и енергија Ларс Петер Сване, кој ја води интернет-страницата за вработување ‘Еуробрушелс’“. Тој додава дека дури 80 отсто од луѓето ангажирани преку оваа страница се на работни позиции – лобирање.

Поранешни лобисти посочуваат дека порано можело да се изврши влијание само доколку се покани на скапа вечера некој од официјалните лица, меѓутоа во последните неколку години прописите за пристап на лобистите во европските институции во Брисел се многи позаострени.

Имено, денес се на сила многу строги мерки за заштита на транспарентноста. Благодарение на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пред да се сретнат со кое било официјално лице вработено во некоја од европските институции, лобистите пред сè мора да се впишат во јавниот онлај-регистар.

Иако во Европскиот парламент и во Советот на Европската Унија правилата сè уште се малку „лабави“, активистот на ‘Транспаренси интернешенел’, Даниел Фројнд, наведува дека две едноставни правила мора да се применат: не се закажуваат состаноци со нерегистрирани лобисти и сите состаноци со лобисти мора да се објават.

Во оваа насока, како што наведува „Еурактив“, европратеникот Јан Филип Албрехт објавил детали од свој состанок со лобист на својата интернет-страница. Инаку, Алберхт води преговори за за европските прописи за кои лобистите се најзаинтересирани, а тоа е најстрога заштита на приватноста. Овие прописи треба да стапат во сила во 2018 година, а како што посочува „Еурактив“, се очекува дека тие ќе го променат начинот на кои компаниите ги обработуваат податоците на потрошувачите.

Инаку, пред да биде усвоен Законот за заштита на приватноста во 2016 година, европратеникот Алберхт добил дури 3.999 амандмани од други европратеници, односно многу повеќе отколку за кој било друг европски закон дотогаш.

Штитеничката на граѓаните на ЕУ, Емили О’Рајли, која постојано има работа со жалби поради нетранспарентност, вели дека  лобистите секогаш успеваат да пронајдат некоја дупка во правилата и на тој начин да го избегнат известувањето за своите состаноци со европратениците.

Лобистите некогаш се претставуваат како адвокати кои поради доверливиот однос адвокат-клиент имаат привилегија да не известуваат за одржаните состаноци.

Инаку, за потребите на лобистите свои канцеларии во Брисел има американскиот технолошки гигант „Гугл“. Таму се вработени 14 луѓе, од кои деветмина имаат акредитации за влез во Европскиот парламент.

А. Б.