Мобилни шалтери на УЈП во помалите населени места во Македонија
„Мобилните даночни шалтери“ се три специјално опремени комбиња кои секој месец ги посетуваат даночниците во населените места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и на локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.
Мобилни комбиња опремени како даночни шалтери на Управата за јавни приходни од утре напрво во Лозово во текот на месец февруари ќе бидат достапни за граѓани и даночните обврзници.
„Мобилните даночни шалтери“ се три специјално опремени комбиња кои секој месец ги посетуваат даночниците во населените места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и на локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.
„Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања, како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи“, велат во соопштението од УЈП.
Возниот ред на даночните шалтери можете да го погледнете тука.