/ Прочитано:

1.950

АПЕЛАЦИЈА: Условна казна за офталмологот Дејан Ставриќ

„Наместо една година казна затвор на обвинетиот му е досудена условна казна од една година која нема да се ефектуира доколку обвинетиот во период од три години не стори друго кривично дело“, велат од Основен суд Скопје 1.

akademik-243

Во текот на овој месец Апелациониот суд од Скопје ја потврдил пресудата на Кривичниот суд за случајот со докторот-офталмолог Дејан Ставриќ кој беше осуден на една година казна затвор за примање поткуп.

Како што потврдуваат од Кривичниот суд, Апелација ја потврдила првостепената пресуда, но ја преиначила во делот на висината на казната.

„Наместо една година казна затвор на обвинетиот му е досудена условна казна од една година која нема да се ефектуира доколку обвинетиот во период од три години не стори друго кривично дело“, велат од Основен суд Скопје 1.

Во мај 2015 година на повтореното судење за случајот со Стариќ, Кривичниот суд му одреди казна затвор во траење од една година.

Во почетокот на повтореното судење за поткупот од две илјади евра, докторот-офталмолог Дејан Ставриќ истакна дена не е виновен за обвиненијата што му се ставаат товарат – примање награда за противзаконско влијание.

Оштетениот во случајот, Владо Кузмановски, пак, истакна дека останува на исказот даден на првото судење. Тој повтори дека поради сериозна повреда на окото морал да се лекува во Скопје, односно кај доктор Ставриќ, кој како што тврдеше, му побарал поткуп од 2.000 евра, по 500 за него и за тричлената комисијата за оцена на работната способност при ПИОМ за да му биде одобрена инвалидска пензија.

Ставриќ на првото судење беше осуден на казна затвор од една година. Подоцна, Апелациониот суд го врати судењето на почеток и ја укина пресудата со која Ставриќ.