/ Прочитано:

2.170

Подобра заштита на правата од индустриска сопственост со пари од ЕУ

Државниот завод за индустриска сопственост започнува со спроведување на два проекти кои се финансирани од Европската унија, „Национална стратегија за индустриска сопственост „2016-2018“ и твининг проектот „Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“.

Ревидирање на релевантното законодавство и изработна на „Национална стратегија за индустриска сопственост „2016-2018“ е целта на проектот финансиран од Европската унија кој ќе го спроведува Државниот завод за индустриска сопственост.

„Стратегијата ќе се однесува особено на следниве критични области на системот на правата од индустриска сопственост во земјата: националното законодавство за индустриска сопственост, зголемувањето на капацитетот на ДЗИС кон својата сервисна ориентација и на капацитетите за спроведување на законот за поефикасна заштита на правата од индустриска сопственост, подобрување на капацитетот на локалната бизнис заедница за генерирање и користење на индустриска сопственост и последно, но не и најмалку важно подигање на индустриската сопственост за општеството“, се наведува во соопштението на ДЗИС.

Покрај за стратегијата, ЕУ обезбедила и средства во висина од 1,3 милиони евра за твининг проектот „Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“.

„Целта на овој твининг проект на ЕУ е да се обезбеди натамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, градење на капацитети, подигнување на јавната свест во областа на остварувањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост“, се наведува во соопштението на ДЗИС.

Проектот има две компоненти: Компонентата еден има за цел да обезбеди ефикасна и квалитетна поддршка на институциите кои имаат надлежности во областа на интелектуалната сопственост, да ги зајакне институционалните и административни капацитети на Државниот завод за индустриска сопственост со цел да обезбеди ефикасна и квалитетна поддршка на институциите кои имаат надлежности во областа од интелектуална сопственост.

Компонетата два има за цел да ги зајакне оперативните капацитети на Царинската управа на Република Македонија за да се бори против повредата на правата од интелектуална сопственост во согласност со нивните законски надлежности.