/Прочитано:

1.958

АКАДЕМИК ОБУКА: Инфраструктурни објекти, постапка за легализација, запишување во катастар, запишување права врз инфраструктурни објекти

Законот за катастар на недвижности и новиот Закон за градежно земјиште содржат повеќе решенија кои предизвикуваат најразличен правен третман во практиката, особено во поглед на уредувањето на градежното земјиште и воспоставувањето подземна, надземна и патна инфраструктура и нејзините карактеристики: премер, легализација и уредување. Во тој поглед, сите присутни на обуката, ќе имаат можност да добијат одговори на своите прашања од директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, г. Славче Трпески, кој воедно е предавач на обуката.

akad 2

Следејќи го трендот на  актуелни теми, на 23 јуни 2016 год. во хотел „Солун“ во Скопје со почеток од  10.00 часот, тимот на Академик ќе спроведе обука на тема: „Инфраструктурни објекти, постапка за легализација, запишување во катастар, запишување права врз инфраструктурни објекти“.

Законот за катастар на недвижности и новиот Закон за градежно земјиште содржат повеќе решенија кои предизвикуваат најразличен правен третман во практиката, особено во поглед на уредувањето на градежното земјиште и воспоставувањето подземна, надземна и патна инфраструктура и нејзините карактеристики: премер, легализација  и уредување. Во тој поглед, сите присутни на обуката, ќе имаат можност да добијат одговори на своите прашања од директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, г. Славче Трпески, кој воедно е предавач на обуката.

Фокусот ќе се стави на следниве прашања:

  • Воспоставување катастар на инфраструктурни објекти;
  • Влијание на подземниот катастар врз катастарот на недвижности;
  • Карактеристики на инфраструктурните објекти, премер;
  • Запишување објекти на инфраструктурата во јавните книги;
  • Легализација на инфраструктурни објекти;
  • Хипотеки и закупи врз инфраструктурни објекти;
  • Осврт на новиот Закон за градежно земјиште;
  • Предбележување на инфраструктурен објект;
  • Запишување на инфраструктурни објекти во катастарот на инфраструктури.

Обуката е  наменета за единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, јавните комунални претпријатија, операторите на електрични мрежи, дистрибутерите на електрична и топлинска енергија, дистрибутерите на гас, телекомуникациските оператори, дистрибутерите на вода за пиење и наводнување, кабелските оператори, градежните компании и сите останати правни субјекти кои имаат, уредуваат или користат инфраструктура, вклучувајќи го и банкарскиот сектор поради новините во можноста за доделување хипотека на инфраструктура.

newsleter катастар јуни 2016 1

Воедно, оваа обука како предмет на анализа ќе има и други одредби и нивните  правни последици од аспект на Законот за катастар на недвижности и Законот за градежно земјиште.