/ Прочитано:

2.162

АКАДЕМИК ОБУКА: Внатрешната ревизија која е задолжителна за секое акционерско друштво и насоки за унапредување на добро корпоративно управување

На оваа обука ќе стане збор за чекорите за организирање на внатрешната ревизија во акционерските друштва, поточно, за насоките за изработка на внатрешни акти за организирање на службата за внатрешна ревизија, за условите за независност на внатрешниот ревизор, како и за улогата, значењето и содржината на извештајот на внатрешниот ревизор или службата за внатрешна ревизија.

akademik..

На 16.3.2016 година, во хотелот „Квинс“ со почеток во 10:00 часот, Академик ќе спроведе практична обука на тема „Чекори за организирање на внатрешната ревизија која е задолжителна за секое акционерско друштво и насоки за унапредување на добро корпоративно управување во постојните служби за внатрешна ревизија и пренос на добрите практики од акционерските друштва на друштвата со ограничена одговорност”.

На оваа обука ќе стане збор за чекорите за организирање на внатрешната ревизија во акционерските друштва, поточно, за насоките за изработка на внатрешни акти за организирање на службата за внатрешна ревизија, за условите за независност на внатрешниот ревизор, како и за улогата, значењето и содржината на извештајот на внатрешниот ревизор или службата за внатрешна ревизија.

Предмет на разгледување ќе биде и унапредувањето на доброто корпоративно управување на ниво на акционерското друштво, со посебен фокус на службата за внатрешна ревизија.

Академик обука 16.03.2016

Корпоративна одговорност, обврска во случај на загуба, на презадолженост и на неспособност за плаќање, обврска за изготвување записник за работата на секој состанок на органот на управување, важни елементи на одлучување на членовите на органите на управување по пат на телефонско гласање или со гласање преку електронски средства, обврски на членовите на органите на управување при вршењето на овластувањата, оставка на член или членови на орган на управување, одговорност за штета на член на орган на управување, исто така, се само дел од темите на кои ќе се дискутира.

Како предавачи на оваа обука ќе се јават Гордана Лазаровска од „Шпаркасе банка“ АД Скопје и проф. д-р Горан Коевски од Правниот факултет „Јустинијан I“ Скопје.

Заинтересираните за обуката можат да се пријават најдоцна до 14.3.2016 год. (понеделник) на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на телефон: 02/3232-821 или 02/3237-465.

Учесниците на обуките, покрај освежувањето за време на паузите, добиваат бесплатни материјали (материјалите ќе бидат доставени по електронски пат по завршувањето на обуката), сертификат за учество на обуката и 20 % попуст за нарачка на кое било печатено издание од Академик.