/ Прочитано:

1.565

Aлумни заедницата на Правниот факултет  „Јустинијан први“ со поддршка на сегашните и на идните генерации

Собрани повеќе од 2 милиони денари за унапредување на студентските простории на Факултетот

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа првата донаторска забава на алумни заедницата и на заедницата на пријатели на Факултетот. Донаторската забава беше наменета за собирање средства за унапредување на факултетските просториите наменети за студентите, како: читалната, амфитеатрите, предавалните и слично.

Повеќе од стотина поранешни студенти на Факултетот и на Универзитетот, сега носители на високи политички функции, истакнати адвокати, нотари и извршители, успешни менаџери во деловниот сектор, се собраа на оваа забава за да се навратат на студентските денови и да ги поддржат активностите на Факултетот за унапредување на условите за студирање. Забавата се организира по примерот на практиките воспоставени на светските универзитети, каде што алумни заедницата е голем и силен поддржувач на активностите на младите генерации.

„Во насока на транспарентност и отчетност во користењето на средствата ќе се формира донаторски одбор во којшто ќе членуваат најголемите донатори, при што од оваа донаторска забава тоа се: Еуролинк осигурување АД, кое донираше 900.000 денари, Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на Еуролинк Осигурување АД, која лично донираше 300.000 денари,  Анѓелка Пеева-Лауренчиќ, директорка на Имиџ ПР, која донираше 100.000 денари, Адвокатско друштво Поленак, кое донираше 90.000 денари, и СИГМА Дооел Прилеп со донација од 80.000 денари.

Факултетот им изразува благодарност на сите донатори за одѕивот и за несебичното враќање кон заедницата.

Ова е само еден од низата настани што ќе ги организира Факултетот за алумни заедницата со цел да ги зајакне врските со неа“, соопштуваат од Факултетот.

М.В