/ Прочитано:

1.862

Златна плакета на Македонско-американската алумни асоцијација за ректорот Јанкуловски

По повод 24-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи со САД и посетата на Управниот одбор на Европската мрежа на американски алумни организации (ЕНАМ), на 14 септември 2019 година беше организиран прием во организација на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА).

На приемот се обратија Лук Захнер, советник за односи со јавност на Амбасадата на САД, Тониа Арахова, генерален секретар на ЕНАМ, и проф. д-р Мишо Докмановиќ, претседател на МААА.

За поддршката на ревитализацијата и мисијата на организацијата, како и за унапредувањето на македонско-американските односи, Златна плакета на МААА му беше доделена на Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Ректорот Јанкуловски се заблагодари за наградата, потенцирајќи дека е почестен што ја добива. Тој нагласи дека соработката со американските универзитети е врвен приоритет и дека и понатаму ќе ја поддржува академската размена со САД и функционирањето на организацијата.

На приемот присуствуваа повеќе од 100 членови и гости на организацијата.

Годишната награда на МААА доделена на проф. д-р Билјана Секуловска-Габер

Професорот Докмановиќ избран во Одборот на директори на Европската мрежа на американски алумни организации

„Градиме мостови на соработка помеѓу САД и Македонија“ – проф. д-р Мишо Докмановиќ, претседател на Македонско-американската алумни асоцијација

Проф. д-р Мишо Докмановиќ избран за претседател на Македонско-американската алумни асоцијација

M.В