/ Прочитано:

1.336

Апелација ја уважила жалбата на СЈО, Кривичниот суд треба да ѝ ги даде доказите за „Пуч“ на Јанева

Од Специјалното јавно обвинителство додаваат дека со ваквата одлука на Апелациониот суд се покажало дека СЈО не го одолжувало почетокот на предметот намерно, туку само постапувало професионално и одговорно.

Специјално јавно обвинителство прес за „Титаник“

Денеска од Специјалното јавно обвинителство преку соопштение информираат дека ја добиле одлуката од Апелациониот суд кој ја уважил нивната жалба изјавена против решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје, со кое беше одбиено барањето за достава на копии од списи и електронски докази во предметот „Пуч“, и го укинал решението на Судот.

„Во решението Апелациониот суд ги уважи сите жалбени наводи на ова јавно обвинителство и констатира дека првостепениот суд немал валидна правна основа спрема ова јавно обвинителство, како овластен тужител во постапката, да се повикува на обврската за чување класифицирани информации, бидејќи Советот на Апелациониот суд е на мислење дека не постојат правни пречки бараните списи и докази да му бидат доставени во фотокопија на ова јавно обвинителство. Исто така, Советот на Апелациониот суд наведува дека основано во жалбата се истакнува дека првостепениот суд при одлучување по барањето не ги ценел во доволна мера одредбите од Законот за класифицирани информации и Уредбата за административна безбедност на класифицирани информации, при што Советот на Апелациониот суд како оправдана ја оценил потребата овластениот тужител да поседува примерок од бараните списи“, стои во соопштението на СЈО.

Од Специјалното јавно обвинителство додаваат дека со ваквата одлука на Апелациониот суд се покажало дека СЈО не го одолжувало почетокот на предметот намерно, туку само постапувало професионално и одговорно.