Апелациониот суд донел решение Захир Бекири-Чауш да остане во притвор
Во однос на Имер Бекири, жалбата на ОЈО Скопје се одбива како неоснована, а решението на Основниот суд Скопје 1 - Скопје се потврдува, со што за обвинетиот се укинува мерката притвор.
Апелациониот суд го преиначил решението на судијката Гордана Спиревска и ја прифатил жалбата на Обвинителството кое се жалеше на одлуката на Судот Захир Бекири-Чауш да биде пуштен од притвор до правосилноста на одлуката.
„Денеска од Апелациониот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје е доставено решение со кое жалбата на ОЈО Скопје против решението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје против лицето З.Б. се уважува, а решението на судот се преиначува со што мерката притвор против З. Б. се продолжува сметано од 31.05.2016 до правосилноста на пресудата“, велат од Кривичен.
Во однос на Имер Бекири, жалбата на ОЈО Скопје се одбива како неоснована, а решението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје се потврдува, со што за обвинетиот се укинува мерката притвор.
Двете лица кои беа дел од предметот „Фабрика за афери“ беа осудени за повеќе кривични дела по што судечкиот судија по донесувањето на одлука донесе решение и ја укина мерката притвор, а Обвинителството вложи жалба на ова решение.
Захир беше осуден на две и пол годишна казна затвор, а неговиот брат Имер на една година.