/ Прочитано:

759

Средба на претседателот на Врховниот суд  и претседателот на Основниот кривичен суд

Денес во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија се оствари работна средба помеѓу Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми, Заменикот на претседателот и Претседател на Одделот за казниви дела судија Цветанка Периќ, со ВД Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев.

На средбата се разговараше за тековните состојби во Кривичниот суд, за ефикасното водење на кривичните постапки и за надминување на проблемите со старите предмети.

Се разговараше и за тековните измени на Законот за кривичната постапка, кој се очекува позитивно да влијаат во поглед на ажурирањето на постапките.

Во текот на средбата стана посебно збор во поглед на забрзувањето на постапките по предметите иницирани од страна на Специјалното јавно обвинителство и штом се создадат услови нивно завршување.

На крајот соговорниците ја констатираа максималната поддршка која Врховниот суд ја дава на Основниот кривичен суд, како и за продолжување на соработката на Претседателите на двата суда во рамките на судската управа.

М.В