/ Прочитано:

1.161

Апелациониот суд по втор пат ја укинува пресудата за „Змиско око 2“

Како што информираат од Кривичниот суд, постапувајќи по жалбите поднесени од 53 обвинети, изјавени лично или преку нивните бранители, како и по жалбата поднесена од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против првостепената пресуда, второстепениот суд ги уважил жалбите на обвинетите и делумно ја уважил жалбата на Обвинителството.

smalena

Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави пресуда КОК Ж 63/15 со која по вторпат ја укина пресудата на Кривичниот суд КОК 8/08 – I од 16.1.2015 година за предметот во јавноста познат како „Змиско око 2“ и го врати предметот на повторно судење во Основниот суд.

Како што информираат од Кривичниот суд, постапувајќи по жалбите поднесени од 53 обвинети, изјавени лично или преку нивните бранители, како и по жалбата поднесена од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против првостепената пресуда, второстепениот суд ги уважил жалбите на обвинетите и делумно ја уважил жалбата на Обвинителството.

„Апелациониот суд, постапувајќи по изјавените жалби, одржал јавна седница на ден 19.2.2016 и 22.2.2016 година по која утврдил дека во првостепената пресуда нецелосно е утврдена фактичката состојба, односно дека обжалената пресуда во осудителниот и ослободителниот дел од став I точка 1 и став III содржи недостатоци поради кои не може да се провери нејзината правилност во целост, а изреката на пресудата е недоволно јасна, поради што Апелациониот суд ги уважил жалбите и предметот го врати на повторно судење со упатства  да се отстранат недостатоците“, велат од Кривичниот суд.

Во однос на жалбата на Обвинителството за осудителниот дел од став I на пресудата, Апелациониот суд сметал дека таа е беспредметна.