/Прочитано:

805

Апелациониот суд Скопје одби уште седум жалби на обвинети за настаните во Собранието

„Апелациониот суд Скопје, по одржаната нејавна седница на ден 15.1.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, и тоа за обвинетите: И. Ц., А. А., Љ. А., Ј. Ч., Ј. Т., С. В. и Е. Д.“, се вели во соопштението на Судот.

Минатата надела, Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден 10.1.2018 година и 11.1.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, и тоа: за обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славевски.

М.В