/ Прочитано:

10.768

БРУТО-ПЛАТА 2020: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Просечната бруто-плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во јануари 2020 година, изнесува 38.319 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување, и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец јануари до месец декември 2020 година.

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2020 година изнесува 19.160,00 денари (50% од 38.319).

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 613.104,00 денари (16 x 38.319).

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 459.828,00 денари (12 x 38.319).

„Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81), која го содржи новиот параметар“, известуваат од УЈП.