/ Прочитано:

2.406

Просечната нето-плата според ДЗС изнесува 26.836 денари

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, декември 2019 година

„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 104.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (12,4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,0%) и Градежништво (11,9%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9,3%), Информации и комуникации (8,4%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (6,8%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 26.836 денари“, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, декември 2019 година

„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 105.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (14,3%), Градежништво (13,1%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,1%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9,3%), Информации и комуникации (8,5%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7,1%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 39.932 денар“, соопштуваат од Заводот.

M.В