/ Прочитано:

3.095

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во септември е 25.435 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 104.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8,8 %), Административни и помошни услужни дејности (7,9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7,3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (5,0 %), Образование (3,0%) и Преработувачка индустрија (1.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25.435 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 105.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10,4 %), Уметност, забава и рекреација (9,1 %) и Административни и помошни услужни дејности (9,0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (5,0 %), Образование (3,2 %) и Уметност, забава и рекреација (2,0 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 37.797 денари.

М.В