/ Прочитано:

6.409

БРУТО ПЛАТА 2021 – најниска и највисока основица за пресметување придонеси

Просечната плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2021 година изнесува 41.141 денари.

„Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2021 година.

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2021 година изнесува 20.571,00 денари (50% од 41.141)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2021 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 658.256,00 денари (16 x 41.141)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 493.692,00 денари (12 x 41.141)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар“, посочуваат од УЈП.