/Прочитано:

1.577

ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР: Основен регистар за синдикатите е Министерството за труд и социјална политика

Во врска со наводите за незаконски донесеното решение од Централниот регистар за упис на нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, информираме дека се неосновани и неточни, велат од Централниот регистар на Македонија.

Централниот регистар на Република Македонија постапува во рамките на своите надлежности предвидени во Законот за Централен регистар и во согласност со член 13 од Законот за едношалтерски систем и за водење на Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, додаваат од оваа институција.

„Имено, во регистарот на други правни лица, врз основа на Решение број 08-8191/2 од 14.11.2016 донесено од министер за труд и социјална политика Фросина Ременски и Решение број 08-8191/14 од 04.08.2017 донесено од министер за труд и социјална политика Мила Царовска, се изврши евидентирање на промена на овластено лице за застапување на Сојузот на синдикати на Македонија. Согласно член 190 став 1 од Законот за работните односи, синдикатите се запишуваат во регистарот на синдикати, кој се води во Министерството надлежно за работите од областа на трудот. Според тоа, основен регистар за синдикатите е Министерството за труд и социјална политика. Централниот регистар на Република Македонија согласно член 13 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица обезбедува податоци определени во член 4 од истиот закон за субјектите за кои основниот регистар го води друг орган“, стои во соопштението.

Инаку, денеска на прес-конференција Дарко Димовски објави дека Централниот регистар го спровел решението на Министерството за труд и социјална политика со кое тој е овластено лице за застапување на ССМ. Димовски најави дека со неговото назначување почнува ново поглавје на синдикализмот, кое ќе го врати достоинството на работниците во Македонија.

На изјавата не Димовски реагираше Живко Митровски според кого со донесувањето решение на Централниот регистер е погазен правниот систем бидејќи од регистарот е избришан тој како легитимно избраниот претседател.

M.В