/ Прочитано:

1.300

Четврта летна школа на „Јустинијан Први“ посветена на предизвиците на земјите од Западен Балкан при процесот на зачленување во  ЕУ

Правниот факултет „Јустинијан Први“ известува дека во соработка со Универзитетот Мунстер (Германија) и Универзитетот Париз Нантер (Франција) традиционално ја организира Четвртата летна школа (4th Itinerant Summer University in the Balkans).

„Школата ќе се одржи помеѓу 20 – 23.9.2018 година, во просториите на Правниот факултет. Академски директор на летната школа е проф. д-р Тони Дескоски. Оваа година, школата ќе биде организирана на тема: „Предизвиците на земјите од Западен Балкан при процесот на зачленување во Европската Унија“. Се повикуваат сите заинтересирани студенти на прв и втор циклус студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје да се пријават за учество на школата.  Заинтересираните студенти потребно е да испратат кратка биографија на следната е-адреса: v.dokovski@pf.ukim.edu.mk, најдоцна до 25.8.2018 година. Работен јазик на летната школа е англискиот“, информираат од Правниот факултет.