/ Прочитано:

1.667

Денес во Апелациониот суд СЈО ќе се произнесе за случајот „Шпион“

Јавните седници за случајот „Шпион“ повеќепати беа одложувани бидејќи на СЈО му беше потребно време за детално разгледување на предметот, кој е многу обемен.

Шпион на Апелација

Специјалното јавно обвинителство денес во Апелациониот суд ќе се произнесе во однос на жалбите на обвинетите на првостепената пресуда на Кривичниот суд.

Јавните седници за случајот „Шпион“ повеќепати беа одложувани бидејќи на СЈО му беше потребно време за детално разгледување на предметот, кој е многу обемен. Како што истакнуваат од Специјалното јавно обвинителство тие сега се подготвени да се произнесат како ќе постапуваат. Во оваа фаза од постапката Специлното јавно обвинителство може ги поддржи или ќе ги отфрли жалбените наводни на одбраната.

Во предметот „Шпион“ со првостепената пресуда сите осумнаесет обвинети беа прогласени за виновни. Највисока затворска казна доби Марјан Ефремов, кој, според Обвинителството, бил „мозокот“ на групата која шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди. Нему му беа изречени 15 години затвор за кривичните дела: шпионажа, злосторничко здружување, измама, уцена и прикривање. Останатите затворски казни се движат од една до девет години, а изречена беше и една условна казна.

Меѓу обвинетите се и: ексгенералот на поранешната Единица за брза интервенција „Лавови“, Горан Стојков,  поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција, Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во Управата за контраразузнавање, Александар Диневски.

М. С.