/Прочитано:

3.028

Директорот на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП, Костадин Богданов, поднесе барање за утврдување на престанок на функцијата владин агент

Директорот на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП, Костадин Богданов, поднесе барање за утврдување на престанок на функцијата владин агент до министерот за правда и до Владата на РМ.

Костадин Богданов во поднесеното барање се повикува на член 17, алинеја 3  од Законот за застапување на РМ пред ЕСЧП,  во која се пропишува дека функцијата владин агент престанува  по сопствено барање на владиниот агент. Во барањето Богданов посочува дека својата професионална кариера ќе ја продолжи како адвокат.

„Би сакал да му се заблагодарам на Министерството за правда и на Владата на РМ за укажаната доверба при моето именување на оваа функција, која резултираше со успешна соработка како на полето на заштита на интересите на државата пред ЕСЧП, така и на полето на промоција на почитувањето на основните права и слободи на сите граѓани во Република Македонија“, вели Богданов во своето писмено барање.

„Судиите треба да избегнуваат претеран формализам во постапувањето“– интервју со Костадин Богданов, директор на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП

М.В