/ Прочитано:

326

Двочасовен протест на Синдикатот на УПОЗ пред Владата

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска организира двочасовен протест на кој ќе го искаже незадоволството од неисполнување на барањата за вработените во судската и јавнообвинителстската служба.

Протестот ќе се одржи пред Владата во периодот од 12 до 14 часот.

Вработените од судската и јавнообвинителската служба од 27 септември штрајкуваат барајќи исплата на додатоците на плата и зголемување на платите за 78 проценти, износ за кој беа зголемени платите на избраните и именуваните лица.

Претставници на Синдикатот на УПОЗ досега одржаа две средби со Владата, кои завршија без конкретна понуда за решавање на барањата.

 

Извор: МИА