/ Прочитано:

123

ДЗР ги објави финансиските извештаите на политичките партии

Во интерес на обезбедување законитост, транспарентност и отчетност спрема граѓаните на Република Северна Македонија за трошењето на средствата обезбедени од Буџетот на државата за финансирање на активностите од редовното работење на политичките партии регистрирани во земјата, Државниот завод за ревизија ги објави финансиските извештаите на политичките партии.

Извештаите, достапни на нашата веб-страница, овозможуваат детален преглед на начинот на трошење на јавните фондови од страна на политичките партии.

Со објавувањето на извештаите не само што се подобрува транспарентноста, туку им се дава можност на граѓаните да добијат детален преглед за начинот на управување со јавните средства од страна на политичките партии.

Со цел да ги поттикнеме граѓаните да бидат активни и информирани учесници во демократските процеси, ги покануваме сите заинтересирани страни да ги прегледаат објавените извештаи на нашата официјална веб-страница на следниот линк:

https://dzr.mk/mk/finansiski-izveshtai-na-politichkite-partii-za-2023-godina