/ Прочитано:

683

ДЗС: Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, август 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, изнесува 111.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (16.5 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.5 %) и Уметност, забава и рекреација (16.1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.2 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.9 %) и Рударство и вадење на камен (3.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2022 година, изнесува 47 691 денар.

Соопштението во целост може да се најде тука.