Граѓаните кои имаат бизнис-идеја ќе може да основаат друштво со ограничена одговорност со основачки капитал од 1 евро
Граѓаните кои имаат бизнис-идеја ќе може да основаат друштво со ограничена одговорност со основачки капитал од 1 евро. Ова се предвидува во новите предложени измени на Законот за трговските друштва, кои се во собраниска процедура. Предлагач на измените е Владата.
„Со законските измени ќе се овозможи основање друштво со ограничена одговорност со симболичен минимален износ на почетен основачки капитал од 1 евро од страна на лица граѓани кои имаат идеја за водење бизнис, но немаат доволно средства во износ од најмалку 5.000 евра основачки капитал за да отпочнат сопствен бизнис. Со примената на одредбите од Предлог-законот се очекува и намалување на сивата нелегална економија во државата“, се посочува во предложените измени.
Предложени измени на Законот за трговските друштва со кои се предвидуваат повеќе значајни новини
М.В