/ Прочитано:

1.802

Измени на Законот за лековите и медицинските помагала чија цел е подобра контрола на квалитетот на лековите

Владата го разгледа и го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, со одлука да го достави до Собранието на Република Македонија, во согласност со членот 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Со предложените решенија веледрогериите се задолжуваат да обезбедат пообемна документација која се однесува на квалитетот на лековите што се предмет на паралелен увоз.

Дополнително со овој предлог-закон се прецизира начинот на издавање на одобрението за паралелен увоз во смисла на утврдување критериуми и тоа со обезбедување сертификат за квалитет на лек што e предмет на паралелен увоз, приложен во оригинал. Сертификатот за квалитет треба да биде издаден од страна на производителот на лекот или од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител или од земјата извозник на лекот.

Измените на Законот за лековите и медицинските помагала беа најавени кон средината на минатата година. Законските измени имаат за цел, истакнаа од Министерството за здравство, обезбедување сигурен, квалитетен и безбеден лек на пазарот во Република Македонија и воведување построги критериуми во постапката на добивање одобрение за паралелен увоз на лекови, со што ќе се подобри контролата на лековите што се увезуваат по пат на паралелен увоз во Република Македонија.

Министерството за здравство подготвува законски измени за подобра контрола на квалитетот на лековите

М.В