/ Прочитано:

710

Измени на Законот за социјалната заштита во собраниска процедура по скратена постапка

Измените на Законот за социјалната заштита се во собраниска процедура по скратена постапка.

„Цел на Предлогот на закон за дополнување на Законот за социјалната заштита е да се овозможи пристапот до правото на гарантирана минимална помош за лицата/домаќинствата во време на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија,  пожари,  поплави или други големи природни непогоди).

Предлогот на закон за дополнување на Законот за социјалната заштита се заснова на истите начела на кои е заснован и Законот за социјалната заштита.

Согласно динамиката на поднесени барања и траењето на пандемијата во наредниот период,  се очекува да бидат опфатени околу 5000 нови домаќинства во 2021 година.

Проценка на фискални импликации за 2021 година е 619.140.000,00 денари, за опфат на  домаќинства во социјален ризик за време на пандемијата од Covid 19“, се вели во законското образложение.

М.В