/ Прочитано:

1.574

Измени на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование е во собраниска процедура по скратена постапка. Предлагач на законот е Владата.

„Со оглед дека се оцени дека престана да важи Законот за Академијата за наставници во насока на започнатите реформи во основното и средното образование, се предлага Законот за изменување и дополнување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование. Целта на законот е одложена примена на дел одредбите од Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование“, се посочува во законското образложение.

М.В