/ Прочитано:

1.616

Измените на Законот за даноците на имот пред Законодавно-правната комисија

Измените на Законот за даноците на имот се пред Законодавно-правната комисија. Предложените законски измени, се вели во образложението, се во функција на усогласување на одредби предвидени во Законот за даноците на имот со  Законот за прекршоците.

Со Законот за данокот на имот се уредува начинот на оданочувањето на следните видови даноци на имот:

  1. Данок на имот;
  2. Данок на наследство и подарок и
  3. Данок на промет на недвижности.