/ Прочитано:

396

Измените на Законот за хартии од вредност во собраниска процедура

Измените на Законот за хартии од вредност се во собраниска процедура. Измените, чиј предлагач е Владата, се поднесени по скратена постапка. Основните цели поради кои се предлага овој закон се да се овозможи домашни и странски берзи и депозитари да бидат основачи односно акционери во депозитар, потоа да се  доуреди водењето и управувањето на пoсебната сметка на која клиентите ги уплаќаат своите парични средства и да се продолжи рокот за задолжителна котација, заради поголема транспарентност на друштвата преку воведување на обврска за нивна задолжителна котација.

Предлогот на Законот за изменување на Законот за хартии од вредност се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон.

Основни решенија на предлогот на закон се да се уреди можноста акционери во депозитарот, освен брокерски куќи, банки, осигурителни друштва или друштва за управување со фондови да можат да бидат и домашни и странски берзи и депозитари; да се даде надлежност на Комисијата за хартии од вредност да го пропише управувањето на посебната сметка на која се водат паричните средства на клиентите на брокерската куќа и да се продолжи рокот за задолжителна котација за период од две години.

Измени на Законот за хартии од вредност за либерализација на пазарот

М.В