Измените на Законот за катастарот и новиот Закон за урбанистичко планирање влегуваат во собраниска процедура
Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, кој има цел подобрување на деловната клима во државата со подобрување на квалитетот на запишаните податоци во катастарот на недвижности, зголемување на процентот на запишаните права во катастарот на недвижности, што ќе резултира со јакнење на довербата во јавната книга, како и зголемување на транспарентноста на институцијата како јавен сервис на граѓаните.
Покрај измените на Законот за катастар на недвижности, во собраниска процедура влегува и новиот Закон за урбанистичко планирање.
„Со новиот Предлог на Законот за урбанистичко планирање се предлага на подобар и поефикасен начин да се уреди системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање и постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови, заради социјалната, економската и еколошката одржливост на човечките населби“, се вели во образложението на Владата за законското решение.
Стратешкиот план на Катастарот за 2019 година ќе се реализира со годишна програма
Компаниите укажуваат на недоречености во градежната регулатива
Потребна е реформа на законодавството од областа на градењето која ќе го заштити јавниот интерес
М.В